Творењето е уметност. Значи, умешност. Умешност да се претстави сопствената мисла во својот најприроден облик.
Храмина е твоја куќа од зборови и твоја книжевна утопија бидејќи во нејзината суштина лежи настојувањето преку книжевноста секаде да се живее како дома. Таа пулсира во ритамот на смислата и на мислата на литературната креација, којашто, пак, е определена да биде пандан на прикладната облека за душата. Всушност, само облечената душа созрева во чисто совршенство, откривајќи се кога тоа е постигнато.