„Сигурен ризик“ – несомнен творечки придонес за развојот на современата македонска жанровска литература

Фашизмот на Ролан Барт Фрлајќи светлина на жанровската литература, односно на крими-романот како литературен жанр и неговата улога во литературата, би можеле да се осврнеме на сосем мал дел од предавањето на Ролан Барт на еден од најпрестижните универзитети во Франција (College de France) во којшто се изјасни дека фашизам не значи да спречиш некого […]

Цикличен приказ на тонењето во сопствените врутоци во „Денот на црвот“

Црвот беше отелотворение на основните човечки стравови. Сигурно имате некаде прочитано дека само глупавите луѓе веруваат во случајности. Се чини дека излегувањето од една и влегувањето во друга приказна во Денот на црвот се случува со помош токму на случајности. Напротив. Во овој роман резултатот од дејствувањата на ликовите е над секој закон на случајноста. […]

Варварскиот дух на цивилизацијата во „Страв од варвари“

Феноменолошкиот комплекс на одразот (М. Друговац) Не е туѓо сѐ што не е наше, туѓо е сѐ што ни е непознато. Ова би го заокружиле како јадро околу кое слоевито се гради структурата на романот добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2020 г. – Страв од варвари со којшто се презентира една […]

„Скопје: изгубените чевли на градот“ – кој број на чевли носи Скопје?

Пулсот на (денешно) Скопје Темата за главниот град е неисцрпна и од историски и од општествен и од национален карактер, но тоа што ја издвојува оваа збирка од сите досега запишани факти за Скопје е во сензациите на коишто Шопов се задржува и во коишто се препознаваат општочовечките дејствија и својства на скопјани (и не […]

„Скопје во високата зона“ – едни поинакво извонредни македонски раскази

Збор за наративната техника на Малеска Не постојат мали и големи теми за литературна обработка, туку постојат мали и големи творечки индивидуалности. Во творечката индивидуалност на авторката на збирката раскази Скопје во високата зона се содржи нејзиното претходно и сегашно искуство и нејзините мисли прикажани како судови и заклучоци. Малеска твори според сопствените погледи на […]

„Отсечки стварност“ – прозна изложба на секојдневието

Уметноста не треба да се лепи за животот, туку треба да сугерира повисока реалност. – Густав Флобер Забелешката на Флобер во контекст на збирката кратки прозни скици на Здравески ја добива следнава димензија: литературата не треба да ја сугерира само страната на  реалноста што ја живееме, туку треба да ја сугерира и страната на реалноста […]

Едно поинакво читање на „Сфинга на гневот“

Нови согледувања Вистинскиот писател секогаш ги користи уметноста и својата дарба за да ги прикаже најочигледните премолчувани моменти од секојдневието затоа што јазикот на уметноста никогаш не го пропушта центарот на збиднувањата. Кујунџиски не само што цели кон центарот, туку тој себеси и сите нас нè става во тој центар, давајќи приказ на мал општествен […]

Светлана Алексиевич, „Војната нема женско лице“

НАГРАДА „BOOKSTAR“ ЗА 2022 ГОДИНА Авторка е белоруската писателка Светлана Алексиевич, инаку добитничка и на Нобеловата награда за литература во 2015 година. Земајќи го предвид нејзиниот творечки и општествен ангажман во изминатите неколку децении, Алексиевич е сигурно една од најзначајните живи личности на денешнината. Она што е исто така важно е дека нејзиното дело е […]

Прозаистот како алегорија на народниот раскажувач во романот „Бабаџан“

Кога ги читаме расказите на Живко Чинго честопати имаме впечаток дека присуствуваме на усно раскажување. – Влада Урошевиќ Значаен миг за македонската современа литература е појавата на Чинго и на Чинговиот дискурс. Со кој вид уметност го поврзуваме Чинго? Со уметноста на раскажување и тоа не само како модерен раскажувач, туку како модерен раскажувач во […]

„Вкусот на праските“ – почеток на постмодернистичкиот бран во македонската книжевност

Првата ластовичка на постмодерната – Венко Андоновски Уште една во редот книжевни полемики: кој македонски роман ја најавува постмодерната во Македонија? Македонскиот книжевен критичар и хроничарот на Скопје, Данило Коцевски, во 1988 г. во текстот Младата македонска проза се задржува на активноста на неколку македонски автори, нарекувајќи ги генерација на седумдесеттите, односно зачетници на поновите […]