Првата ластовичка на постмодерната – Венко Андоновски Уште една во редот книжевни полемики: кој македонски роман ја најавува постмодерната во Македонија? Македонскиот книжевен критичар и хроничарот на Скопје, Данило Коцевски, во 1988 г. во текстот Младата македонска проза се задржува на активноста на неколку македонски автори, нарекувајќи ги генерација на седумдесеттите, односно зачетници на поновите […]
„Кратката пролет на Моно Самоников“ – кога саатот го означува времето на моралните дилеми
Далтебарам? И збор и бол. Во сон. Солев одлучува да не го започне својот роман во границите на јавето. Тој во своето книжевно дело нè внесува преку лошиот сон на Моно (еден, единствен), ликот со којшто Солев отвора ново поглавје во литературата кое се однесува на творештво создадено и поттикнато од комплексот на вина и […]
Самотноста како човечка определба во „Белата Долина“
Навистина, зошто ли сум јас вака сам? Зошто ли? Книжевната критика е едногласна во констатацијата за првото прозно остварување на Дракул – Белата Долина не е роман за Змејко, Белата Долина e роман на Змејко (не на кој било Змејко, туку на Дракуловиот Змејко). И покрај тоа што зборуваме за децениски процес на градење на […]
Романот „Она што беше небо“ – еден од носечките столбови на македонската современа литература
Малески му беше потребен на македонскиот збор Битката за еманципирањето на македонското литературно кажување се водела смело на нерамен терен. Тоа, коешто до пред неколку децении, се појавува во рамностран калап кој не гледал ниту една добра причина за да излезе од своите граници на стационираната литература – еден поетски фонд и неколку драмски објави, […]
„Село зад седумте јасени“ – показател за развојното темпо на македонската прозна продукција и стварниот зачеток на современата прозна белетристика
Јубилејни 70 години од првиот македонски роман Славко Јаневски – татко на првиот македонски роман Стилот на Јаневски се забележува по следното: преку своето перо господари со својот израз, писателската вештина ја заснова врз богатите сликарски нијанси и умешноста на ненаметливо, но доволно прецизно чувствено искажување, разбранетоста на светло-темно, живо-мртво, радосно-тажно и неутралноста на писателот […]
Македонска литература за деца – Григор Прличев автор на „Воспитание и двенадесет песни за деца“
Чинот македонска преродба Македонската литература за деца се вбројува во низата показатели за развојното темпо на македонската прозна и поезиска продукција која својот стварен зачеток го наоѓа во редовите на фолклористичките дела на творците од доцниот 19 век и раниот 20 век, поддржувајќи ја тезата дека литературата за деца води потекло од т.н. фолклор за […]
„Генетика на кучињата“ или приказната за македонските Глембаев(ск)и
Зар и ти, сине Бруте? Горлив е фактот кој посочува дека предавството опстојува секаде каде што е присутен човекот. И во еден таков систем човекот секогаш може да избере. Всушност, човекот го оформуваат неговите сопствени избори, а нештата да станат до крајност бизарни, изборот во голем број случаи е следен: секогаш ги повредуваме оние кои […]
„Буре барут“ – за тивките луѓе пред „пукање“
Низ европскиот нишан Драмски текстови широко поставени во европски рамки чија тематска содржина е тесно поврзана со збиднувањата на Балканот – вака накратко би се проследил драмскиот книжевен опус на еден од најплодните македонски драмски писатели Дејан Дуковски. Служејќи се со синтагмата буре барут, Дуковски начнува теми од општествениот и од политичкиот живот во Европа, […]
Мотивот на трилисната детелина во „Небеска Тимјановна“
Трилисна детелина – дали беа тоа трите дела на Македонија? Моќта на литературата и на мигот И покрај тоа што националната литература се заснова на домашните законитости произлезени од традицијата и условите, таа никогаш во потполност не може да се развива изолирано од останатите национални литератури бидејќи за литературно-општествениот развој придонесуваат компоненти со меѓународен код […]
Императивот во „Јас сум Малала“: Образованието е право, а не привилегија
Пакистанската Мајка Тереза Во глобалното образование одамна стои отворена задачата да се израмни што побрзо уште една неправда од минатото: да се расветли положбата во којашто се наоѓа образовниот систем и со големи букви да му се напише на денешното општество дека образованието не препознава пол. Во автобиографската книга на Малала многу брзо можеме да […]