Мотивот на трилисната детелина во „Небеска Тимјановна“

Трилисна детелина – дали беа тоа  трите дела на Македонија? Моќта на литературата и на мигот И покрај тоа што националната литература се заснова на домашните законитости произлезени од традицијата и условите, таа никогаш во потполност не може да се развива изолирано од останатите национални литератури бидејќи за литературно-општествениот развој придонесуваат компоненти со меѓународен код […]

„Светот на песната и легендата“ – Блажевиот манифест на книжевноста

Пофално слово како благодарност Постои нешто навистина големо и бесценето во личностите кои ја имаат способноста да се носители на парадоксот на времето и на просторот – колку подолго ги нема, толку поизразено го чувствуваме нивното присуство, или, пак, колку повеќе ги оставаме зад нас во минатото, толку повеќе ни се блиски, наши и неотуѓени. […]

„Дневник по многу години“ или спомените на човекот кој нема што да крие

Јас никогаш не сум водел дневник, таков навик не се беше создал во мене – Б. Конески Вистинско жанровско збогатување на нашата книжевност се случува со потпишувањето на Конески како автор на прозната книга Дневник по многу години за која тој самиот милува да каже дека е книга со  „кратки прозни скици“ објавени порано или […]

За џагорот на старо Скопје во „Улиците што ги нема“

„Писателите немаат свои градови, само градовите имаат свои писатели“ – О. Ќорвезироска Може ли една родена кумановка да пишува за Скопје? – прашува Оливера Ќорвезироска во книгата „Улиците што ги нема“. Ете, може. Криејќи се под псевдонимот Небеска Скопјановна, Оливера Ќорвезироска дава поглед на едно, не така далечно минато на Скопје. Тргнувајќи во потрага по […]

„Зоостории“ – параболата на/за битијата

Nātūra, -ae, f. (Declinatio prima) Природата сама по себе е книжевност. Прво, и веројатно најсложено, таа чувствува – скокот од смеа, дразнење од тага, морници од страв, накострешеност од лутина. Второ, исто така комплексно, таа ги користи сите свои сетила за да допре до нашите. Трето и последно, но не помалку важно, природата постојано зборува […]

„Некој бил тука“ како приказ на човечката имагинативна реалност

На преминот од индивидуализација кон генерализација Не е тешко да се утврдат елементите со коишто се означува трагичното во македонскиот литературен збор со оглед на длабоките корени индивидуализаторската означеност да е ознака за една цела општествена (не)прилика. Во романот на Николина Андова-Шопова, прогласен за роман на годината за 2018 година, трагичното е сместено во зборовите […]

„Скриени желби, немирни патувања“ или за многуте светови во еден роман

Колку луѓе – толку светови Роман на годината за 2020 година – романот на Владимир Јанковски. Неслучајно. Во неговото прозно кажување не може да се забележи провидност, отсутност, недореченост. Тој цврсто се држи до компонентите што припаѓаат на интимниот волумен на своите протагонисти и на тој начин прави мозаик од светови бидејќи секој човек носи […]

„Мојот маж“ – за премолченото во нашето секојдневие

И сите среќно си живееја до крајот на животот Одамна никој не верува во бајки. Затоа и одамна во книгите централно место зазема конкретната општествена реалност. Таа е прикажана во својот чист облик – нерамномерно распределенa и променливa. Меѓу нејзината надворешна и внатрешна расчленетост е херојот, чијашто водечка позиција не е случајна – таа е […]

„Вештица“ – за љубовта поголема од огнот

Роман што сам се пишува Суштината на романот што сам се пишува е во претопувањето на хетерогени елементи во единство кое одново и одново се разрушува… за да се создаде повторно. Вистинска реткост е овој пристап на творецот кон словото – од словото да создаде свет, во светот да ги вдоми своите деца (а што […]