Куќа „Храмина“
НАМЕНА И КОРИСТЕЊЕ
Дрвена кутија од квалитетна шперплоча во форма на куќа изработена за чување на книги.
Производот е достапен само во оваа боја.
Производот го добивате склопен.






ДИМЕНЗИИ
Димензиите се непроменливи.
ВАРИЈАНТИ
Освен стандардна постои можност по ваша желба куќата да биде изработена во персонализирана верзија. Тоа вклучува ваш текст како посвета или порака на задната страна од куќата со којашто таа добива наменска функција.
Куќата е одлична идеја за подарок за секоја пригода за вашите најблиски.
„Храмина“ е секогаш расположена да ви помогне да одберете соодветен текст за вашата персонализирана куќа за книги.
НАРАЧАЈТЕ ТУКА
Нарачка на куќата може да се направи со директна порака на нашите профили на Инстаграм и Фејсбук и на нашата официјална е-адреса hraminamk@gmail.com
За сите дополнителни прашања слободно можете да ни се обратите на горенаведените контакти.
За заокружување на нарачката потребни ќе ни бидат вашите лични податоци (име и презиме, адреса и град на живеење, телефон за контакт) коишто ќе се користат исклучиво за испораката.
По секоја ваша нарачка ќе добиете повик од тимот на „Храмина“ за финална потврда на нарачката.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
• Плаќање во готово при прием
Плаќањето е 100 % безбедно бидејќи нарачаниот производ го плаќате при приемот на овластениот доставувач.
ИСПОРАКА
Времето на испорака е 3 до 5 работни дена од денот на нарачување. Во ретки случаи бројот на денови може да варира зависно од побарувачката, но за тоа ќе бидете дополнително известени.
Доставата се врши низ цела Македонија.
РЕКЛАМАЦИИ
Доколку забележите оштетување на производот настанат при транспортот, треба веднаш да го информирате доставувачот. Во таков случај производот се враќа на испраќачот и се утврдува штетата. Нарачката не може да се откаже. Во најкраток можен рок ќе ви биде испратен нов производ. „Храмина“ ги презема трошоците за испорака и замена на производот доколку се утврди дека штетата е направена од страна на курирската служба. По преземање на производот рекламациите не важат.