Храмина

ЗА НАС

Творењето е уметност. Значи, умешност. Умешност да се претстави сопствената мисла во својот најприроден облик.

Храмина е твоја куќа од зборови и твоја книжевна утопија бидејќи во нејзината суштина лежи настојувањето преку книжевноста секаде да се живее како дома. Таа пулсира во ритамот на смислата и на мислата на литературната креација, којашто, пак, е определена да биде пандан на прикладната облека за душата. Всушност, само облечената душа созрева во чисто совршенство, откривајќи се кога тоа е постигнато.

ЗА НАС

reinhart-julian-kPgj0ZCOieA-unsplash

Творењето е уметност.
Значи, умешност.
Умешност да се претстави сопствената мисла во својот најприроден облик.

Храмина е твоја куќа од зборови и твоја книжевна утопија бидејќи во нејзината суштина лежи настојувањето преку книжевноста секаде да се живее како дома.

Таа пулсира во ритамот на смислата и на мислата на литературната креација, којашто, пак, е определена да биде пандан на прикладната облека за душата.

Всушност, само облечената душа созрева во чисто совршенство, откривајќи се кога тоа е постигнато.

Во Храмина се засолнуваат книжевните критичари, читателите и авторите. На сите оние коишто ќе видат прибежиште во неа, таа им ветува информативни, интересни и, пред сè, инспиративни рецензии и објави коишто ќе фрлат светлина на критичката аксиологија – во опсежен контекст со сиот книжевно-естетски карактер и длабока јазична и содржинска темелност на македонската и на светската книжевност.  

Во Храмина се засолнуваат книжевните критичари, читателите и авторите.
На сите оние коишто ќе видат прибежиште во неа, таа им ветува информативни, интересни и, пред сè, инспиративни рецензии и објави коишто ќе фрлат светлина на критичката аксиологија – во опсежен контекст со сиот книжевно-естетски карактер и длабока јазична и содржинска темелност на македонската и на светската книжевност.  

Книжевните творештва секогаш завршуваат пред судот на книжевните критичари и теоретичари и на читателите. Храмина ве повикува да го најдете своето засолниште во содржината којашто ја нуди, прикажувајќи ги литературните остварувања во соодветно „руво“ кое нараснува до универзални димензии.

Доколку со читање стигнавте до овие редови на нашето излагање,
значи сме завршиле голем дел од својата работа.

Ова е Храмина. Задоволството е наше.

Доколку со читање стигнавте до овие редови на нашето излагање, значи сме завршиле голем дел од својата работа.

Ова е Храмина.
Задоволството е наше.