Смислата на финансиската едукација во „Богат татко, сиромашен татко“

Финансиска писменост Роберт Киосаки не е наставник во основно образование. Тој не е професор ниту во средно образование, ниту на факултет, а сепак во својата книга зборува за значајни теми со коишто е потребно да се сретнеме во периодот кога сè уште сме во училишните клупи. Веројатно тоа го поткрепува општото мислење дека на човекот […]

Финансиска писменост

Роберт Киосаки не е наставник во основно образование. Тој не е професор ниту во средно образование, ниту на факултет, а сепак во својата книга зборува за значајни теми со коишто е потребно да се сретнеме во периодот кога сè уште сме во училишните клупи. Веројатно тоа го поткрепува општото мислење дека на човекот му се одзема моќта во моментот кога ќе биде лишен од квалитетно образование бидејќи човекот е моќен онолку колку што е образован. Да ја оспособиш личноста да раководи со финансиите е исто како да си ѝ дал насоки со чија помош таа ја учи азбуката на својот мајчин јазик. Всушност, управувањето со пари е животна вештина и само тие коишто ја поседуваат се сметаат за финансиски писмени.

Робин Худ во модерната доба

Изворот на круцијалните пропусти не доаѓа од недостигот на информации, туку од напливот на погрешни информации. Токму затоа Робин Худ одамна не е херој во нашето општество – денешното, модерно. Во очите на ова општество не се херои тие коишто помагаат на немоќните, туку тие коишто се спротивставуваат на пречките и успеваат да се издигнат над системот. А, каков е системот? Крут и тешко променлив. Тој ги одбира поединците коишто сакаат да трошат, поединците чиишто вкусови влегуваат во стандардизирани калапи, се насочува кон тие коишто се лесно колебливи и врз коишто може да се изврши влијание без голем напор. Тогаш во каков облик го имаме Робин Худ денес? Неговата фигура по ниту една мерка не се вклопува во општествената машина. Денешниот Робин Худ е херој сам за себе, непотчинет пред туѓиот авторитет, воден по своите принципи и подготвен да стори сè што тој очекува од себе, а не тоа што општеството го бара од него.

Квалитетни автори заслужуваат квалитетни рецензии.