„Дневникот на Ана Франк“ – за сјајната жолта ѕвезда којашто кажува сè

Стилистичката равенка на Ана Парадоксално е, но сепак мошне уверливо: дневникот на 13-годишна Еврејка е еден од најсилните книжевни тестаменти коишто се вресок на историските случувања по коишто никогаш ништо не е исто. Велиме вресок, но во голема мера без исклучоци тоа се истите тие случувања за коишто се бара молк. Ана, девојка од еврејско […]

Мистеријата за книгата поголема од животот во „Нов живот“

Книга за новиот живот во книга за смртта или за многу повеќе од тоа Во т.н. книжевна рамка се сместуваат ликовите и дејствијата во прозното дело. Во творечката димензија на некои автори бројот на таков вид рамки надминува повеќе од една. Навидум во Нов живот Орхан Памук се одлучува за две рамки – првата е […]

„Медитации“ – духовниот дневник на римскиот класик Аврелиј

Сите нешта треба да се проценуваат во времето и во просторот (?) – М. Крлежа Ова дело на Аврелиј, кое по многу основи ги исполнува критериумите за да биде разгледувано како парче од светската литература, успева да исполни едно барање на литературата коешто, би рекле, во нејзините поставки е најсложено – делото да биде совршено […]

Смислата на финансиската едукација во „Богат татко, сиромашен татко“

Финансиска писменост Роберт Киосаки не е наставник во основно образование. Тој не е професор ниту во средно образование, ниту на факултет, а сепак во својата книга зборува за значајни теми со коишто е потребно да се сретнеме во периодот кога сè уште сме во училишните клупи. Веројатно тоа го поткрепува општото мислење дека на човекот […]

„Малиот Принц“ – безвременска новела за (под)заборавените вредности

Индуктивниот пристап на Егзипери Малиот Принц е редок литературен примерок којшто своето место го наоѓа под капата на литературата за деца и покрај тоа што во него се кријат најважните животни поуки за возрасни. Очигледно е дека авторот ја познава добро природата на возрасните штом одлучува дидактиката да ја спакува во приказна за мали деца […]

Свитоците на мудроста во „Најголемиот продавач на светот“

Култ кон животната мудрост Мудар е човекот којшто има контрола над своите мисли и постапки. Мандино преку десетте древни свитоци на светот му ги дава тајните на успехот коишто внесуваат промени во животот на секој којшто ќе одлучи да ги следи. Приказната го следи сведоштвото на Хафид, човек со истраен дух и чиста мисла, во […]

„Светот на песната и легендата“ – Блажевиот манифест на книжевноста

Пофално слово како благодарност Постои нешто навистина големо и бесценето во личностите кои ја имаат способноста да се носители на парадоксот на времето и на просторот – колку подолго ги нема, толку поизразено го чувствуваме нивното присуство, или, пак, колку повеќе ги оставаме зад нас во минатото, толку повеќе ни се блиски, наши и неотуѓени. […]

„Дневник по многу години“ или спомените на човекот кој нема што да крие

Јас никогаш не сум водел дневник, таков навик не се беше создал во мене – Б. Конески Вистинско жанровско збогатување на нашата книжевност се случува со потпишувањето на Конески како автор на прозната книга Дневник по многу години за која тој самиот милува да каже дека е книга со  „кратки прозни скици“ објавени порано или […]

Вресокот на природата во „Терај си го плугот по коските на мртвите“

Полската Артемида на боиште Многупати сме сведоци на улогата што ја зазема и на влијанието што го има митологијата врз современата книжевност и најчесто тоа се забележува во прозните дела чии граници одат до недоглед. Опсежните книжевни прегледи нè носат до сознанието дека за ваквите дела би можеле да се послужиме со изразо зад хоризонтот […]

„Мостот на Дрина“ – симфонијата на една епоха

Нобеловецот со изострено чувство за својот народ  Постои еден непишан, а знаен податок којшто несомнено го врти вниманието кон себе и бара да биде потцртан – човековата величина расте според степенот на припадност и поврзаност на единката со својата заедница. Судејќи по сѐ, а најмногу по неговиот книжевен опус, единствениот нобеловец од екс ју просторите, […]